Македонија

По 24 години Али Ахмети го истакна државното знаме во својата канцеларија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека за првпат го истакнал македонското државно знаме во својата канцеларија, покрај албанското знаме.

По 24 години Али Ахмети го истакна државното знаме во својата канцеларија

Државното знаме поставено во канцеларијата

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, соопшти дека за првпат го истакнал македонското државно знаме во својата канцеларија. На објавената фотографија може да се забележи дека државното знаме е поставено покрај албанското знаме. Ахмети јавно се пофали со промената, која предизвика реакции на социјалните мрежи. Дел од јавноста го поздрави потегот, додека други прашаа зошто биле потребни повеќе од две децении за државното знаме да се најде во канцеларијата на лидерот на ДУИ.

Објавата предизвика реакции во јавноста

Ахмети е претседател на ДУИ од нејзиното формирање во 2002 година и со децении е еден од највлијателните политичари во земјава. Партијата беше дел од повеќе владини коалиции во периодот од 2002 до 2024 година. Истакнувањето на државното знаме во неговата канцеларија се најде во фокусот на јавноста токму поради досегашните критики за употребата на националните симболи во седиштето на ДУИ. Самиот Ахмети го претстави потегот како новина, нагласувајќи дека ова е првпат македонското знаме да биде поставено во неговата канцеларија.

Жан Митрев