Македонија
Дознај прв
СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ: Температурите денеска до 35 степени
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури до 35 степени, а во Скопје максималната ќе достигне 33 степени.

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 35 степени.
Во Скопје до 33 степени
Во главниот град се очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.
Следува стабилен и потопол период
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредниот период ќе преовладува стабилно, сончево и топло време. Ќе има само мала локална облачност, без позначителни врнежи. Се очекува и постепен пораст на дневните температури.
