Хроника

(ВИДЕО) ПО РЕЧИСИ ЕДНА ГОДИНА БЕГСТВО: Во Црна Гора уапсен 19-годишниот Македонец Андреј Танасковски

Во Никшиќ е уапсен 19-годишниот Андреј Танасковски, Македонец баран со меѓународна потерница за обид за убиство во Будва.

(ВИДЕО) ПО РЕЧИСИ ЕДНА ГОДИНА БЕГСТВО: Во Црна Гора уапсен 19-годишниот Македонец Андреј Танасковски

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ во координирана акција на црногорската полиција. По него била распишана меѓународна потерница поради сомнение дека во август минатата година се обидел да го убие Марко Љубиша, познат под прекарот Кан, од Будва. Танасковски бил пронајден во стан во населбата Видрован, каде што, според полицијата, се криел од органите на прогонот.

Уапсен и маж осомничен дека му помагал

Заедно со Танасковски бил уапсен и 34-годишен жител на Никшиќ, осомничен дека му овозможил да избегне откривање и апсење. Црногорската полиција соопшти дека акцијата била спроведена од Регионалниот центар за безбедност „Запад“, со помош на Секторот за борба против криминалот. Танасковски е опишан како припадник на организирана криминална група и се сомничи за обид за убиство на член на спротивставена криминална група.

Осомничен за нападот во хотелот „Маестрал“

Според сомнението на истрагата, на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва, Танасковски испукал два куршума кон 56-годишниот Љубиша, кој бил повреден во пределот на главата. Полицијата го товари и за недозволено поседување и носење оружје, како и за фалсификување исправа. Се сомничи дека при подготовката и престојот во хотелот користел фалсификувана лична карта со податоци на српски државјанин.