Магазин
МАКЕДОНСКА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА НА СВЕТСКА СЦЕНА: Дејвид Гета го поддржа новото издание на Галоски „To The Beat“

Глобалната диџеј ѕвезда Дејвид Гета повторно даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овој пат за неговото ново издание „To The Beat“.
„To The Beat“ премиерно емитувана кај Дејвид Гета
Песната официјално излезе во петок, 19 јуни, преку Smash The House, издавачката куќа на светски познатото белгиско дуо Dimitri Vegas & Like Mike. Истата вечер, „To The Beat“ беше премиерно емитувана и во радио емисијата на Дејвид Гета, што претставува уште една голема меѓународна потврда за музиката на Галоски. Ова не е прва поддршка од Гета за македонскиот артист, бидејќи повеќе од една деценија тој редовно ја врти и поддржува неговата музика во своите радио емисии и сетови.
Галоски продолжува да ја гради интернационалната приказна
Во изминатиот период, музиката на Галоски доби поддршка и од големи имиња како Tiësto, Armin van Buuren, Martin Garrix, Solomun, Dimitri Vegas & Like Mike и Swedish House Mafia. Минатата година, Swedish House Mafia тестираа негова песна на Tomorrowland, по што таа беше потпишана за нивната издавачка куќа Superhuman. Покрај студиските изданија, Галоски продолжува активно да настапува и надвор од Македонија, а во изминатиот период беше присутен во градови и музички центри како Токио, Бангкок, Барселона и Ибица. Со „To The Beat“, Галоски продолжува да ја позиционира македонската електронска музика рамо до рамо со најголемите светски имиња, а неговиот следен сингл е најавен за 3 јули, со премиерно и ексклузивно слушање за македонската публика на Антена 5.
View this post on Instagram
