Скопје
Дознај прв
Со брзина од 20 километри на час и над 18 години – во собраниска процедура влегоа законските измени за возење тротинети

Законските измени влегоа во Собрание
Во собраниска процедура влегоа законски измени со кои се предлага построго регулирање на користењето електрични тротинети и други лесни електрични возила.
Група пратеници од владејачкото мнозинство предложија измените да се донесат по брза постапка.
Со нив се предвидува максималната дозволена брзина за овие возила да се намали од 25 на 20 километри на час.
Забрана за лица под 18 години
Една од клучните измени е целосна забрана за управување електричен тротинет за лица под 18 години.
Според образложението, предлогот доаѓа по зачестените сообраќајни незгоди и поплаките од граѓаните за хаосот со тротинетите низ градовите.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, посочи дека анализите на МВР покажале оти во повеќе од половина од несреќите со електрични тротинети, тие биле управувани од лица на 16 и 17 години.
Тој нагласи дека целта на измените не е казнување, туку поголема безбедност и заштита на животите на сите учесници во сообраќајот.
