Спорт
Дознај прв
ГАВИ ГО ОДБИ ЈУНАЈТЕД: Манчестер му нудел 40 милиони евра за трансфер
Гави ја одбил понудата од Јунајтед вредна 40 милиони евра и сака да остане во Барселона, пренесуваат шпанските и англиските медиуми.

Шпанецот сака да остане во Барселона
Манчестер Јунајтед не успеал да го убеди Гави да се пресели на „Олд Трафорд“, иако англискиот гигант бил подготвен да плати 40 милиони евра. Според „Гардијан“, шпанскиот репрезентативец не бил заинтересиран за трансфер и негов приоритет останува да продолжи да игра за Барселона. „АС“, повикувајќи се на „Дејли Мирор“, објавува дека Јунајтед бил подготвен да ја плати сумата која Барселона наводно би ја барала за својот млад играч од средниот ред. Гави, сепак, ја одбил можноста да се пресели во Англија и сака да остане во каталонскиот клуб. Ова е уште еден удар за Манчестер Јунајтед, кој летово има проблеми со реализацијата на дел од своите трансферни цели.
Јунајтед продолжува да бара засилувања
Гави важи за еден од фудбалерите на кои Барселона сериозно смета во иднина, а неговата одлука да остане на „Камп Ноу“ дополнително ја намалува можноста за негово заминување. Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок работи на засилување на составот, но не успева да ги реализира сите планирани трансфери. Потенцијалниот трансфер на Гави би бил значајно засилување за средниот ред на англискиот клуб, но засега шпанскиот фудбалер не размислува за промена на средината.
