Спорт

РОНАЛДИЊО СЕ ВРАТИ ВО ИТАЛИЈА: потпишува за Равена и станува ко-сопственик на клубот

Роналдињо пристигна во Италија и ќе потпише за Равена. Бразилската легенда ќе биде и ко-сопственик на клубот од Серија Ц.

РОНАЛДИЊО СЕ ВРАТИ ВО ИТАЛИЈА: потпишува за Равена и станува ко-сопственик на клубот

Бразилската легенда подготвува големо враќање на теренот

Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан, Роналдињо, пристигна во италијанскиот регион Ромања, каде што ќе го официјализира трансферот во Равена. Бразилецот слета на аеродромот во Форли со приватен лет од Милано, а на местото беше пречекан од претставници на клубот и навивачи. Официјалната презентација на Роналдињо е најавена за вечерва во Марина ди Равена, каде организаторите очекуваат илјадници фанови. Клубот уште во јуни го најави неговото доаѓање и го претстави трансферот како еден од најзначајните во историјата на Равена. Целта на 46-годишниот Бразилец е да постигне уште еден, последен професионален гол во својата богата кариера.

Роналдињо ќе биде и ко-сопственик

Неговата улога во Равена нема да биде ограничена само на настапите на теренот, бидејќи легендарниот фудбалер ќе стане и ко-сопственик на клубот. Точниот процент од сопственичкиот удел што ќе му припадне сè уште не е објавен, но неговото присуство веќе привлече огромно меѓународно внимание. Равена сезонава се натпреварува во Серија Ц, а клубот има амбициозен план за развој и во иднина сака да стигне до Серија А. Раководството планира и модернизација на инфраструктурата и изградба на нов стадион, со Роналдињо како една од главните фигури во проектот.

ОЗНАКИ: Роналдињо