Македонија

ОД 26 АВГУСТ ПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК: Студентите ќе добиваат по 140 денари дневно

Од 26 до 31 август студентите ќе можат да се пријават за субвенциониран студентски оброк. Финансиската поддршка изнесува 140 денари дневно.

ОД 26 АВГУСТ ПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК: Студентите ќе добиваат по 140 денари дневно

Од 26 до 31 август ќе трае пријавувањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година. На повикот треба да се пријават сите студенти, и бруцоши и студенти од повисоките години, доколку сакаат да го користат правото од 1 октомври.

Кој може да аплицира за студентски оброк?

Аплицирањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а право имаат редовните студенти на прв и втор циклус, како и студентите на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во земјава. Услов е кандидатите да бидат државјани на Македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Поддршката изнесува 140 денари

Финансиската поддршка изнесува 140 денари дневно и е наменета за купување храна, од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Надоместокот не се исплаќа во периодот од 1 јули до 1 октомври, односно за време на летниот распуст.