Спорт

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕТА НА ТЕРЕНОТ ВО СКОПЈЕ: Шкотските навивачи пееја „Who Let the Dogs Out“

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕТА НА ТЕРЕНОТ ВО СКОПЈЕ: Шкотските навивачи пееја „Who Let the Dogs Out“

Несекојдневна сцена го прекина натпреварот меѓу Македонија и Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Во еден момент на теренот влета куче, кое трчаше околу играчите и се упати кон голот на Македонија, по што играта беше краткотрајно прекината. Себастијан Херера се обиде да го насочи кучето кон излезот од теренот, а ситуацијата предизвика смеа и во публиката.

Шкотските навивачи веднаш ја искористија ситуацијата и почнаа да ја скандираат познатата песна „Who Let the Dogs Out“, што дополнително ја направи сцената хит на трибините. По неполна минута, кучето беше изведено од теренот, а натпреварот продолжи.