Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ЧАДОТ ВО СКОПЈЕ СЕПАК ДОАЃА И ОД ЖЕДЕН: Тешко пристапен терен, пожарникарите се истоштени

Мирисот на чад кој попладнево се чувствува во Скопје доаѓа од големиот пожар на планината Жеден, во атарот на селото Бојане. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот од тетовската страна се движи кон скопската страна на планината. Станува збор за тежок и тешко пристапен терен, поради што гаснењето е отежнато.
Во гаснењето се ангажирани пожарникари, кои според Ангелов се истоштени поради големиот број пожари со кои се справуваат во изминатиот период. Ангелов со хеликоптер извршил увид на теренот за да ја процени состојбата и насоката на ширење на огнената линија. Во одредени делови од Скопје се чувствува мирис на чад и од останатите активни пожари на Китка, а пожар има и во Илинден. Надлежните служби продолжуваат да работат на пожарите на повеќе локации и ја следат состојбата на терен.
View this post on Instagram