Спорт

Мартинели го напушта Арсенал: Бразилец заминува во Ал Хилал за рекорден трансфер

Габриел Мартинели е пред трансфер од Арсенал во Ал Хилал за околу 59 милиони евра, што би бил рекордна продажба за лондонскиот клуб.

Мартинели го напушта Арсенал: Бразилец заминува во Ал Хилал за рекорден трансфер

Саудијците го носат крилото во своите редови

Габриел Мартинели е пред трансфер од Арсенал во саудискиот Ал Хилал, откако двата клуба постигнале начелен договор за неговото заминување. Според последните информации, трансферот е вреден околу 59 милиони евра, со што Бразилецот би станал најскапата продажба во историјата на лондонскиот клуб. Британските медиуми претходно објавија дека преговорите биле во завршна фаза, а Арсенал очекувал повеќе од 50 милиони фунти. Мартинели пристигна во Арсенал во 2019 година од Итуано и за клубот одигра 278 натпревари.

Крај на шестгодишната авантура во Лондон

Во дресот на „топчиите“ Бразилецот постигна 62 гола и запиша 36 асистенции, но во последниот период ја загуби позицијата во тимот. Тој не беше во составот на Арсенал за натпреварите против Манчестер Сити во Суперкупот и Ковентри на стартот од сезоната. Мартинели претходно одбил понуда од Галатасарај, но сега е подготвен да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.