Спорт

КОМИТИ ПРЕСЕКОА: Бојкот на Вардар сè додека Миленко Неделковски е во клубот

КОМИТИ ПРЕСЕКОА: Бојкот на Вардар сè додека Миленко Неделковски е во клубот

Навивачката група на ФК Вардар, „Комити“, донесе одлука за бојкот на сите натпревари на клубот сѐ додека Миленко Неделковски е во Вардар. Одлуката е донесена поради, како што наведуваат, аматеризмот и примитивизмот кои владеат во клубот.

„Комити“ сметаат дека тоа е последица на, како што ги оценуваат, катастрофалните одлуки донесени од управата. Тие бараат управата, предводена од Миленко Неделковски, да поднесе оставка и да си замине од клубот. Како причина за незадоволството го посочуваат и односот кон навивачите по случувањата на последниот натпревар.

Од групата најавија дека на натпреварот против Арсими во понеделник ќе присуствуваат последен пат. По тој натпревар, „Комити“ ќе го започнат бојкотот на мечевите на Вардар.

Одлуката за бојкот додека Миленко Неделковски е во Вардар беше масовно поддржана од членството на навивачката група.