Спорт

ДЕРБИТО СЕ СЕЛИ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Вардар и Алкалоид ќе играат пред голем број навивачи

ДЕРБИТО СЕ СЕЛИ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Вардар и Алкалоид ќе играат пред голем број навивачи

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во рамките на 10. коло од ракометната Суперлига сепак ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Натпреварот првично беше планиран да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во главниот град. Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, бил обезбеден термин во „Борис Трајковски“.

Датумот и времето остануваат непроменети, па градските ривали ќе се соочат на 14 ноември, сабота, со почеток во 18:30 часот. Од Вардар ја потврдија промената и упатија благодарност до раководството и вработените во спортскиот центар за помошта околу организацијата. Натпреварот меѓу градските ривали Вардар и Алкалоид се очекува да донесе полни трибини.

Промената овозможува дербито да се одигра во поголем капацитет и пред поголем број навивачи. Од клубот најавија дека дополнително ќе објават информации за билетите. За навивачката група Комити, пак, оваа сала не е непозната а тука гостувале многу гиганти кои биле дел од црвено-црниот пекол, пред некои 12-13 години.

Жан Митрев