Магазин

ВЛЕЗНИЦИТЕ СЕ ЗАМЕНУВААТ ЗА НАРАКВИЦИ: Сите кои имаат карта за Дејвид Гета мора да направат замена

ВЛЕЗНИЦИТЕ СЕ ЗАМЕНУВААТ ЗА НАРАКВИЦИ: Сите кои имаат карта за Дејвид Гета мора да направат замена

Авалон продукција информира дека сите кои имаат купено влезница за концертот на Дејвид Гета ќе треба да ја заменат со нараквица. Замената ќе се врши во Градски парк – Вембли во Скопје, во специјално поставени куќарки. На 4 септември ќе се врши од 16 до 20 часот, а на 5, 6 и 7 септември од 12 до 20 часот. При замената задолжително треба да се понесе влезницата и лична карта или документ за идентификација. Нараквицата ќе биде ставена директно на раката на лицето кое ќе го посетува концертот и не смее да се отстранува, оштетува или модифицира. На 8 септември влезот на концертот ќе биде дозволен само со исправна нараквица, а оригиналната влезница по замената ќе биде блокирана. Доколку имате влезница за нумерирана трибина, треба да ја зачувате бидејќи ќе ви биде потребна за пронаоѓање на резервираното место.