Македонија

(ВИДЕО) „ЗОШТО НЕМАШЕ АЛБАНСКИ ПЕЈАЧИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТА?“: Новинар Албанец со прашање до организаторите

Марија Митева одговори на прашањето зошто немало албански пејачи на прославата за 35 години независност, додека „Авалон“ најави албански изведувачи во Тетово.

(ВИДЕО) „ЗОШТО НЕМАШЕ АЛБАНСКИ ПЕЈАЧИ НА ПРОСЛАВАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТА?“: Новинар Албанец со прашање до организаторите
Прашањето зошто на прославата на 35-годишнината од независноста немало албански пејачи беше поставено на денешната прес-конференција. На новинарското прашање одговори портпаролката на Владата, Марија Митева, која рече дека не би одела со наратив дали изведувачите се Македонци, Албанци или Турци, бидејќи настапувале уметници кои се дел од македонската музичка естрада.
Таа посочи дека на концертот со Хозе Карерас во Скопје настапила и Дешира Амети-Крлиу која била дел од македонскиот дрим-тим. Во рамки на прославата настапуваше и Дина Јашари, како дел од музичката програма со уште многу други звучни имиња. Бобан Милошески од „Авалон“ најави дека прославата продолжува и во Тетово. На концертот на 15 септември ќе настапи Каролина Гочева, но и албански изведувачи.
Жан Митрев