Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) КОМПАНИСКИ, А НЕ БУЏЕТСКИ ПАРИ: Климовски објасни дека 300 милиони денари за прославата се од добивката на Лотарија

Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, на денешната прес-конференција ги соопшти деталите за финансирањето и организацијата на настаните по повод 35 години независност. Климовски посочи дека 300 милиони денари се обезбедени од нераспределена добивка на Државна лотарија и не станува збор за средства од државниот буџет. Тој ја објасни и целата процедура за избор на организаторот и реализација на настаните.
Според него, Лотаријата презела дополнителни чекори за да се обезбедат поголема транспарентност и конкурентност во постапката. Како дел од одбележувањето беа реализирани повеќе настани како дел од караванот, но вклучен е и големиот концерт на Дејвид Гета во Скопје. Климовски нагласи дека средствата се компаниски, а целта била да се овозможи достојно одбележување на значајниот јубилеј.
View this post on Instagram

