Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) КОЛЕКЦИОНЕР НА КОШАРКАРСКИ ДРЕСОВИ, ТРЕНЕР, ДРУГАР: Јавноста се простува од охриѓанецот Антонио Савевски кој загина во сообраќајна несреќа
Јавноста се простува од спортскиот тренер Антонио Савевски кој синоќа загина во сообраќајна несреќа. Нашата редакција извади видео од негово ТВ гостување каде раскажува повеќе за својата страст - кошарката и колекцијата на кошаркарските дресови.

Спортската јавност, пријателите и сите кои го познаваа со неверување се простуваат од охриѓанецот Антонио Савевски, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Антонио беше голем фанатик по кошарката, а неговата страст најдобро ја покажуваше колекцијата од над 350 кошаркарски дресови. Токму поради својата импресивна колекција, тој во неколку наврати беше гостин и на телевизиски емисии каде ја споделуваше љубовта кон спортот. Беше и тренер, а децата со кои работеше го обожаваа и го паметат како човек кој давал сè за својот тим. Роден и израснат во Охрид, Антонио живееше и во скопската општина Аеродром, но секогаш ја задржа силната врска со својот роден град и беше член на навивачката група „Рибари“. Зад себе остава голем круг пријатели, спортисти, колеги и деца на кои им беше тренер, а ќе остане запаметен како голем љубител на кошарката, колекционер, тренер и пред сè – голем другар. Антонио, почивај во мир!
View this post on Instagram
Трагедијата ја потресе македонската јавност.
ТРАГЕДИЈА КАЈ ОХРИД: Загина 33-годишниот кошаркарски тренер Антонио Савевски
