Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) Девет дена заробени во тунел, па спасени живи: Неверојатна акција во Непал
Двајца работници во Непал се спасени живи по девет дена поминати заробени во тунел на хидроелектрана по разорните поплави.

Девет дена заробени под урнатините во тунел
Двајца работници во Непал се спасени живи откако поминале девет дена заробени под урнатините во тунел на хидроелектраната „Тришули 3А“. Тие биле заробени по разорните поплави што ја погодија земјата, во кои животот го загубиле повеќе од 1.200 луѓе. Едниот од спасените, Санџаја Шах, бил во тешка здравствена состојба и добивал кислород, а поради состојбата не можел да зборува. Тој со хеликоптер бил префрлен во Батар, северозападно од Катманду. Вториот работник, Кабир Махарџан, по извлекувањето се насмевнал и им се заблагодарил на спасувачите.
Спасувачите трагаат по уште заробени работници
Во големата операција инженерите пумпаат воздух во тунелите на хидроелектраните, додека стотици работници сè уште се водат како исчезнати. Од повеќе од 5.000 исчезнати лица, значителен број се работници ангажирани на градилиштата долж реката.
Се стравува дека во тунелите има уште 150 луѓе
Спасувачките екипи во моментов работат во уште околу шест тунели, каде што постои сомнеж дека се заробени повеќе од 150 луѓе. Досега единствените двајца кои биле извлечени живи се токму Шах и Махарџан, што дополнително ја зголеми надежта дека и други исчезнати работници би можеле да бидат пронајдени.
Nepal floods: Two workers rescued from Trishuli 3A tunnel after 10 days; search for others continues. pic.twitter.com/eKJPoxE0it
— News Arena India (@NewsArenaIndia) September 4, 2026
