Хроника
Дознај прв
КРИВИЧНИ ЗА НАПАЃАЧКИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ: Еве ги деталите
Кривични за напаѓачките во Аеродром: идентификувани се девојчињата што ја малтретираа врсничката

МВР го расчисти случајот
Полицијата ги идентификуваше девојчињата кои се поврзуваат со вознемирувачкиот случај на врсничко насилство во скопски Аеродром. Според информациите, станува збор за две малолетнички кои физички и психички ја малтретирале својата врсничка, додека настанот бил сниман и споделуван на социјалните мрежи. По преземените мерки, МВР најавува кривични пријави за двете напаѓачки, но и за нивните родители. Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради начинот на кој насилството било извршено и снимано.
Ќе се утврдува одговорност
Од полицијата претходно информираа дека се постапува по допрен глас, бидејќи првично немало пријава во СВР Скопје, а потоа биле преземени мерки за утврдување на идентитетот на лицата и целосно расчистување на случајот. На распит биле повикувани и други лица кои биле присутни на настанот, меѓу кои и малолетници кои снимале и го охрабрувале насилството. По целосното документирање на случајот, надлежните ќе треба да утврдат каква одговорност ќе има за сите инволвирани. Овој случај повторно го отвори прашањето за врсничкото насилство, улогата на родителите и потребата од навремена реакција од институциите.
