Спорт
Дознај прв
МЗТ СКОПЈЕ СО НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ: Поранешен плејмејкер на Партизан ќе ја организира играта
Тадија Тадиќ е новото засилување на МЗТ Скопје. Поранешниот плејмејкер на Партизан пристигнува од Сутјеска.

МЗТ Скопје продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/2027, а најново засилување е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. Станува збор за кошаркар со големо искуство, кој во кариерата бил дел и од Партизан, а има настапувано и во Македонија како член на Куманово. Тадиќ во Скопје пристигнува од црногорската Сутјеска, каде што минатата сезона имаше просек од 13 поени, 4,1 скок и 4,4 асистенции во домашниот шампионат. Во АБА 2 лигата просечно реализирал 7,7 поени, 3,7 скока и три асистенции по натпревар.
Тадиќ со искуство од повеќе европски лиги
Новиот плејмејкер на МЗТ Скопје, покрај Партизан и Куманово, настапувал и во Унгарија и Црна Гора. Неговото искуство се очекува да биде значајно за тимот на „штрковите“, особено во натпреварите на меѓународна сцена.
МЗТ со настапи на три фронта
МЗТ Скопје во новата сезона ќе биде активен во домашните натпреварувања, АБА 2 лигата и ФИБА Европа. Тадиќ треба да биде еден од играчите кои ќе ја организираат играта на македонскиот шампион во амбициозната сезона.
