Македонија

31,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Бојковска вели дека Македонија забрзува со реформите

Дигитална трансформација: Бојковска вели дека досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст.

31,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Бојковска вели дека Македонија забрзува со реформите

Средства од Планот за раст

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, изјави дека досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација. Според неа, средствата се резултат на исполнети обврски, донесени закони и спроведување на чекорите од Реформската агенда. Бојковска порача дека ова е доказ оти Македонија има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја за испорака на резултати. Таа нагласи дека дигиталната трансформација е еден од најважните делови од реформската агенда и дека земјата веќе бележи конкретен напредок.

Помалку бирократија за граѓаните

Бојковска истакна дека дигиталната трансформација треба да донесе побрзи услуги за граѓаните, помалку чекање, поедноставни процедури и поефикасни институции. Таа потсети дека во 2025 година бил донесен најголемиот пакет закони во областа на дигиталната трансформација, со кој, според неа, се поставуваат темелите на модерна дигитална држава усогласена со европските стандарди. Бојковска најави дека и годинава ќе продолжи носењето на останатите законски решенија од Реформската агенда. Според неа, целта е Македонија да остане меѓу водечките држави во регионот во спроведувањето на реформите и дигитализацијата.