Македонија
Дознај прв
Драма во Македонија: Се запали гнездо на штркови, спасени мајката и трите штркчиња
Вистинска драма се случи кога се запали гнездо на штркови. Благодарение на брзата интервенција, спасени се мајката и трите мали штркчиња.

Вистинска драма се одвивала денеска откако избувнал пожар во гнездо на штркови поставено на електричен столб. Благодарение на брзата реакција на надлежните служби, мајката штрк и нејзините три мали штркчиња биле навреме спасени и извлечени од опасност.
Според информациите, огнот зафатил дел од гнездото, по што била организирана итна интервенција за да се спречи поголема штета и да се заштитат птиците. За среќа, спасувачката акција завршила успешно, а штрковите останале неповредени.
Штрковите се меѓу најпрепознатливите и најзаштитени птици во Македонија, каде што се регистрирани над 1.700 гнезда низ државата. Нивната заштита е од особено значење за зачувување на биодиверзитетот.
Фотографиите од местото на настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и пофалби за луѓето кои учествувале во спасувањето на птиците, тоа се случило во Росоман.
