Свет

(ВИДЕО) ХУМАНОИДЕН РОБОТ ГО УДРИ ПРОГРАМЕРОТ: Снимката ги разбранува социјалните мрежи

Хуманоиден робот за време на демонстрација во Кина го удри програмерот и му го собори далечинскиот управувач. Видеото предизвика бројни реакции.

(ВИДЕО) ХУМАНОИДЕН РОБОТ ГО УДРИ ПРОГРАМЕРОТ: Снимката ги разбранува социјалните мрежи

Робот – изведувал серија движења

Необична сцена со хуманоиден робот во Кина привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако роботот за време на демонстрација го удри човекот кој го управувал. На видеото се гледа програмерот како стои пред роботот и во раката држи далечински управувач. Во еден момент роботот замавнува со ногата, го удира човекот и му го соборува управувачот од рака. Потоа продолжува да ги изведува програмираните движења, додека човекот се оддалечува.

„Терминаторот започна“ – но можеби станува збор за несреќен момент

Снимката веднаш предизвика бројни шеги и споредби со „Терминатор“ и „Скајнет“, а дел од корисниците коментираа дека филмовите за роботите кои се свртуваат против луѓето можеби предупредиле навреме. Сепак, други посочуваат дека видеото не покажува дека роботот самостојно решил да го нападне човекот. Можно е роботот да извршувал однапред програмирана серија движења, додека програмерот се нашол премногу блиску до него. Токму поради тоа, сцената засега повеќе изгледа како несреќен момент за време на демонстрација отколку како доказ дека роботот „се побунил“.

.