Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕТО: Попладне локален дожд и услови за невреме

Променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне локален дожд, пороен дожд и грмежи, а северниот ветер ќе достигне до 40 км/ч.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО ВРЕМЕТО: Попладне локален дожд и услови за невреме

Засилен северен ветер до 40 километри на час

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а во јужните делови се очекуваат услови за нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието ќе биде засилен од северен правец со брзина до 40 километри на час. Температурите ќе се движат до 31 степен.

Во Скопје повремено дожд

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во делови од котлината повремено ќе биде засилен од северен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 27 степени.

ОЗНАКИ: МЕТЕО