Македонија
Дознај прв
ДИМИТРИЕВСКИ ДО СДСМ: „Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0“
Максим Димитриевски упати порака до СДСМ и порача дека ЗНАМ не е реприза на старите политички модели и дека ќе продолжи со отчетност.

„ЗНАМ не е реприза од она што е веќе видено“
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, упати порака до СДСМ во врска со критиките и обвинувањата кон неговото политичко движење. На настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје, Димитриевски порача дека довербата кај граѓаните се гради со работа, резултати и преземање одговорност. Тој истакна дека секој функционер е сменлив и дека функцијата е доверена од граѓаните. Осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ, Димитриевски рече дека ЗНАМ нема да дозволи политичките пресметки да го променат начинот на кој ја гради довербата со граѓаните.
Димитриевски – „Еден ден ЗНАМ ќе преземе одговорност да ја води државата“
„Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема“, рече Димитриевски, додавајќи дека движењето се темели на чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. Тој директно порача до СДСМ „да внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0“. Димитриевски додаде дека еден ден ЗНАМ ќе биде политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.
