Магазин

(ВИДЕО): „Што ми е мило“ ечи во нов филм со Метју Меконахи и Курт Расел

(ВИДЕО): „Што ми е мило“ ечи во нов филм со Метју Меконахи и Курт Расел
Замисли гледаш филм од Холивуд и наеднаш слушаш македонска песна? Да, токму тоа го има во новиот филм „The Rivals of Amziah King“, во кој играат Метју Меконахи и Курт Расел. Во филмот е искористена македонската народна песна „Што ми е мило“, позната и по стиховите „На Струга дуќан да имам“. Песната се појавува во верзија на американскиот женски вокален ансамбл „Kitka“, објавена во 1999 година на албумот „Nectar“. Верзијата е наведена и на официјалната музичка листа на филмот.
Филмот е во режија на Ендру Патерсон, а првпат беше прикажан на фестивалот SXSW. Така, една од познатите македонски народни песни стигна и до големото холивудско платно. Преубава изведба и филм кој го препорачуваме! ✅
ОЗНАКИ: холивуд