Хроника

ПОЧИНА ТОНКИЦА МИТРОВСКА: Замина една од пионерките на македонскиот анимиран филм

Почина Тонкица Митровска, една од пионерките на македонскиот анимиран филм и дел од „Скопската анимирана школа“.

ПОЧИНА ТОНКИЦА МИТРОВСКА: Замина една од пионерките на македонскиот анимиран филм

Почина Тонкица Митровска, една од првите македонски аниматорки и значајна фигура во развојот на македонскиот анимиран филм. Митровска, која по образование била дипломиран графичар, била дел од таканаречената „Скопска анимирана школа“ и соработувала со речиси сите автори и режисери од оваа значајна етапа на македонската кинематографија.

Богата кариера во анимацијата

Митровска била дел од Студиото за анимација при „Вардар филм“, формирано во 1975 година, каде работела со автори како Дарко Марковиќ, Петар Глигоровски, Делчо Михајлов и други. Нејзиното име се поврзува со бројни анимирани филмови, меѓу кои „Стоп“, „Адам (5 до 12)“, „Стрелби“, „Повлечи – потегни“, „Афирмација“ и „Пецко – еден ден живот“.

Митровска – Добитничка на „Златен објектив“

За својот придонес во македонската кинематографија, Тонкица Митровска во 2023 година беше прогласена за добитник на престижната награда „Златен објектив“ на Кинотеката на Македонија. Признанието ѝ беше доделено заедно со филмскиот композитор Љупчо Константинов. Со нејзиното заминување, македонската културна сцена се збогува со авторка која остави значаен печат во историјата на домашната анимација.