Хроника
Дознај прв
ТРАГЕДИЈА ВО ВАРДАР КАЈ ЦРВЕНИ БРЕГОВИ: Пронајдено безживотно тело на 66-годишен неготинец
Тело во Вардар е пронајдено кај Црвени Брегови, откако 66-годишен неготинец заминал на риболов и бил пријавен за исчезнат.

Заминал на риболов, па бил пријавен за исчезнат
Во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, неготинско, синоќа околу 20 часот било пронајдено телото на 66-годишниот Ј.К. од Неготино. Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 3 јули во 15:55 часот во ОВР Неготино од страна на неговиот син. Тој пријавил дека се сомнева оти неговиот татко, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, бидејќи бил недостапен. Кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов ја пронашол во реката.
Телото предадено на обдукција
По пријавата, полициски службеници од ОВР Неготино, Територијалната противпожарна единица Неготино, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица веднаш презеле мерки за пронаоѓање на исчезнатиот. Околу 20 часот телото било пронајдено и извлечено од водите на Вардар. Лекар од Итната медицинска помош во Неготино констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
