Македонија

БУГАРИЈА ЈА ПРИФАТИ СРЕДБАТА СО МУЦУНСКИ: ќе се одржи во Софија во четврток

Бугарското МНР го прифати барањето за средба меѓу Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова. Средбата ќе биде во Софија на 8 октомври.

БУГАРИЈА ЈА ПРИФАТИ СРЕДБАТА СО МУЦУНСКИ: ќе се одржи во Софија во четврток

Бугарското Министерство за надворешни работи го прифати барањето за билатерална средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова. Средбата ќе се одржи на маргините на министерската конференција за Коридорот 8, која во четврток ќе се одржи во Софија. Од бугарското МНР за БТА потврдиле дека во рамките на форумот постои можност за билатерална средба меѓу двајцата министри. Барањето за средба било иницирано од македонската страна по советот од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Двете страни последен пат официјално се сретнаа во мај годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска.

Средбата со Муцунски ќе се одржи на конференцијата за Коридорот 8

Според бугарското МНР, на 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот 8, чиј домаќин ќе биде министерката Петрова Чамова. На форумот ќе присуствува и министерот Муцунски, со што ќе се отвори можност за директен разговор меѓу двајцата министри.

Последната средба помина без поместување на позициите

Муцунски и Петрова Чамова имаа официјална средба во мај годинава, во период на затегнати билатерални односи. Средбата тогаш заврши без позначаен напредок и без промена на позициите на двете страни. Новата средба доаѓа по посетата на Фон дер Лајен на Скопје и во период на засилен дипломатски дијалог меѓу Македонија и Бугарија.