Регион

БЕБЕТО ГО ПРОДАЛЕ ЗА 3.500 ЕВРА, ПА КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ: Мајката се предомислила и ги пријавила во полиција

Бугарски брачен пар во Грција го предал новороденчето за 3.500 евра. Мајката подоцна се предомислила и го пријавила случајот во полиција.

БЕБЕТО ГО ПРОДАЛЕ ЗА 3.500 ЕВРА, ПА КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ: Мајката се предомислила и ги пријавила во полиција

Бугарски брачен пар го продал своето новородено бебе во Грција за 3.500 евра, а со парите купил половен автомобил „Ситроен Ксара“, пренесуваат грчките медиуми. Мајката го родила детето на 5 јануари во болница во Патрас, а само три дена подоцна го предала на друг пар, со кој договорот бил направен однапред. Случајот бил откриен откако биолошката мајка се предомислила и самата го пријавила во полиција.

Бебето било пронајдено во близина на Пиргос

Детето, кое во моментот на откривањето имало околу 10 месеци, било пронајдено во село во близина на Пиргос. Потоа било пренесено во локалната болница, на педијатриското одделение. По пријавата, полицијата започнала истрага за околностите под кои детето било предадено на другиот пар.

Пронајдени документи за раѓањето и купувањето на автомобил

Во текот на истрагата, инспекторите ги пронашле документите за раѓањето и отпуштањето од болница, како и документацијата за купувањето на автомобилот. Против четворицата возрасни – биолошките родители и парот што го презел детето – биле поднесени обвиненија за прекршување на грчките закони за посвојување.

Жан Митрев