Дознај прв
ГАЗДИТЕ БАРААТ ПОМАЛКУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Да се скратат верските празници и да нема слободен понеделник ако празникот е во недела

Стопанската комора на Македонија ќе предложи измени на Законот за празниците со кои бројот на неработни денови практично би се намалил на 13. Според предлогот, секој вработен би избирал само два дополнителни верски празници кои ќе ги користи како неработни денови, наместо сите празници што сега важат за неговата верска или етничка заедница.
Дополнително, празниците што паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник. Од Комората велат дека целта е поголема продуктивност и економска ефикасност, додека ССМ остро се спротивставува и смета дека со ваквите промени најмногу би се погодиле работниците. Бројот на неработните денови во Македонија е повисок од европскиот просек, но ваквата мерка наидува на голем отпор.
Извор: Прес24
