Свет

МАКРОН СВИКА КРИЗЕН СОСТАНОК ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ: Франција се соочува со сè помасовни немири

Емануел Макрон свика кризен состанок поради масовните протести во Франција, кои започнаа во училиштата и се проширија низ земјата.

МАКРОН СВИКА КРИЗЕН СОСТАНОК ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ: Франција се соочува со сè помасовни немири

Францускиот претседател Емануел Макрон свика кризен состанок поради најновиот бран протести и немири ширум Франција. На состанокот се очекува да присуствуваат премиерот Себастијан Лекорни, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез и министерот за образование Едуар Жефре. Протестите започнаа пред една недела поради условите во училиштата, а во нив сега се вклучија и наставници, родители и синдикати.

На улиците стотици илјади демонстранти

Само во вторникот, според француското Министерство за внатрешни работи, на протестите учествувале околу 256.000 луѓе, од кои 56.000 во Париз. Синдикатите, пак, проценуваат дека бројот на учесници на национално ниво достигнал 450.000. Демонстрантите бараат подобро опремени училишта и подобри услови за учење.

Макрон стравува од поширока ескалација

Француската влада е загрижена дека ученичките протести, кои на моменти стануваат насилни, би можеле да се прошират и во други делови од општеството. Незадоволството дополнително е поттикнато од високите цени на горивата и растечките трошоци за живот. Ситуацијата потсетува на протестното движење „Жолти елеци“, кое во 2019 година предизвика долг период на немири во Франција.

ОЗНАКИ: Франција