Македонија
Дознај прв
80 ГОДИНИ ОД ВРАЌАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СКОПЈЕ: изложба со архивски фотографии и документи
Во црквата „Свети Спас“ во Скопје се организира изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија.

Државниот архив на Македонија, во соработка со НУ Конзерваторски центар – Скопје, организира изложба по повод 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје. Изложбата ќе биде отворена на 10 октомври во 18 часот, во црквата „Свети Спас“, каде што почива македонскиот револуционер. Со неа ќе се одбележи историскиот настан од октомври 1946 година, кога посмртните останки на Делчев биле пренесени од Софија во Скопје.
Историскиот пат на посмртните останки
Посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонска делегација во Софија на 7 октомври 1946 година, по што започнало нивното свечено пренесување кон Македонија. Поворката поминала низ повеќе градови, каде што биле организирани собири и оддавање почит, а на 10 октомври останките биле положени во саркофаг во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Зачувување на историската меморија
Од Државниот архив посочуваат дека изложбата претставува посвета на заветот на соборците на Делчев неговите останки да почиваат во престолнината на слободна и независна Македонија. Настанот има цел да го доближи историското наследство до јавноста и да потсети на значењето на пренесувањето на останките на еден од најзначајните македонски револуционери.
