Магазин

ПАПАТА ЛАВ XIV ИЗЛЕГУВА ОД БОЛНИЦА: По операцијата на белите дробови, продолжува закрепнувањето

Папата Лав XIV денеска треба да биде пуштен од болницата во Рим, четири дена по операцијата на белите дробови, по која закрепнувањето се одвива нормално.

ПАПАТА ЛАВ XIV ИЗЛЕГУВА ОД БОЛНИЦА: По операцијата на белите дробови, продолжува закрепнувањето

Папата Лав XIV денеска треба да биде пуштен од болницата „Џемели“ во Рим, четири дена по операцијата на белите дробови, соопшти Ватикан. Понтифот беше опериран на 13 октомври, откако лекарите открија промена на десното белодробно крило.

Закрепнувањето по операцијата напредува

За време на операцијата бил отстранет долниот дел од десното белодробно крило, а анализата на ткивото потврдила аденокарцином, вид рак на белите дробови. Ватикан соопшти дека постоперативното закрепнување се одвива нормално, а лекарските проверки покажале добри резултати.

Папата планира неделна молитва од Ватикан

По излегувањето од болница, Лав XIV треба да продолжи со закрепнувањето во Ватикан. За недела е најавено негово обраќање и молитва од прозорецот на папскиот стан кон верниците на плоштадот „Свети Петар“.

ОЗНАКИ: папата Лав