Македонија

(ВИДЕО) НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА СЕ ТРАНСПОРТИРААТ НИЗ СКОПЈЕ: Здравството добива 100 возила вредни 7,5 милиони евра!?

(ВИДЕО) НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА СЕ ТРАНСПОРТИРААТ НИЗ СКОПЈЕ: Здравството добива 100 возила вредни 7,5 милиони евра!?

Здравството добива 100 возила. На Инстаграм се појави видео на кое се гледаат нови амбулантни возила натоварени на шлепер кои се транспортираат низ скопските улици. Претпоставуваме дека станува збор за дел од набавката на 100 нови амбулантни возила, најавена во април годинава. Тогаш Министерството за здравство објави јавна набавка со проценета вредност од околу 7,5 милиони евра.

Возилата, според најавата, треба да бидат најмодерни – опремени со надградена медицинска опрема и распределени во јавните здравствени установи низ државата. Сега, неколку месеци подоцна, амбулантните возила се забележани како се транспортираат низ Скопје. Можно е да следи нивна промоција или распределба, но засега нема официјална потврда дека се дел од најавената набавка. Министер за здравство во моментот е Сашо Клековски.

Здравството добива 100 возила. Погледнете го видеото:

Видеото е објавено на Инстаграм-профилот на Роберто Навали.