Дознај прв
ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ОПШТИНА КАРПОШ: Приведени двајца турски државјани, третиот избегал на Косово

Двајца турски државјани се приведени, а по трет се трага, по напад со нож врз двајца нивни сонародници во стан во скопски Карпош. МВР поднело кривична пријава против К.М. (36), С.Б.П. (22) и уште едно лице поради сомнение за обид за убиство во Карпош.
Според Обвинителството, тројцата осомничени учествувале во нападот врз двајца 26-годишни мажи, кои биле повредени со остар предмет. Едниот од осомничените, според истрагата, ги одвел другите двајца до зградата на улицата „Прашка“ и им ја покажал шифрата за влез. Двајцата потоа влегле во станот и со повеќе убоди со нож се обиделе да убијат еден од оштетените, додека другиот бил повреден во раката обидувајќи се да ги запре.
По нападот, тројцата се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце, но двајца биле запрени и приведени. За нив е предложен притвор, а за третиот осомничен, кој избегал на Косово, е предложен притвор што ќе важи по неговото пронаоѓање, со цел распишување меѓународна потерница.
Извор: СкопјеИнфо
