Македонија

По преброени неколку гласачки места Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ во водство, но уште е многу рано за финален резултат

Според првичните резултати на ДИК, Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ има 891 глас, пред Јакуп Усеини со 438 на изборите во Брвеница.

По преброени неколку гласачки места Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ во водство, но уште е многу рано за финален резултат

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радически, има убедливо водство според првичните резултати на Државната изборна комисија. Според досега обработените податоци, Радически освоил 891 глас, додека второпласираниот Јакуп Усеини од коалицијата ВРЕДИ има 438 гласови. Јовица Радески, кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, добил 226 гласа, а Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ) има 78. Независниот кандидат Душан Богдановски освоил 16 гласа, додека независната кандидатка Арифе Идризи засега нема освоено ниту еден глас.

ДИК ќе ги соопшти првичните резултати

Државната изборна комисија најави прес-конференција за 21:30 часот, на која треба да ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето. Резултатите добиени по електронски пат се објавуваат сукцесивно, а податоците од записниците на општинската изборна комисија треба да бидат објавени во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Шест кандидати се натпреваруваа за градоначалничката функција

На предвремените избори во Брвеница право на глас имаа 16.256 избирачи. Гласањето се одржа по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст. Конечните резултати ќе бидат објавени откако ќе завршат сите законски постапки.