Дознај прв
(ВИДЕО) ХАОС НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Сопственик се обиде да си ја одбрани продавницата, но беше брутално нападнат

Сопственикот на продавница за видеоигри и стрипови во францускиот град Ница беше нападнат додека се обидуваше да го заштити својот бизнис од група лица кои упаднаа во објектот. Станува збор за Пјер Колен, менаџер на продавницата „Микроманија“, кој се соочил со напаѓачите за да ги спречи да го ограбат локалот.
На снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како тој се обидува да ги оттргне од продавницата, но еден од нив го удира со нога од зад грб, по што паѓа на тротоарот. Напаѓачите го гаѓале и со предмети, додека продавницата била ограбена и оштетена. Колен подоцна изјавил дека се здобил со гребнатини и истегнување, но дека се чувствува добро.
View this post on Instagram
Инцидентот се случил на 17 октомври, за време на протестите во Франција, кои на повеќе места биле проследени со грабежи и насилство.
