Свет

ХАКЕРСКИ НАПАД НА АФД: Објавени над 421.000 мејлови и лични документи

Сајбернапад врз германската AfD довел до објавување над 420.000 мејлови, банкарски изводи, дипломи и списоци со членови. Истрагата е во тек.

ХАКЕРСКИ НАПАД НА АФД: Објавени над 421.000 мејлови и лични документи

Германската партија Алтернатива за Германија (AfD) истражува сајбернапад во кој биле украдени и објавени стотици илјади електронски пораки и чувствителни документи. Според извештај на германскиот весник „Билд“, на интернет се појавиле повеќе од 420.000 мејлови поврзани со партијата. Во материјалите, наводно, има и банкарски изводи, академски дипломи и списоци со членови.

Хакерите таргетирале хостинг-провајдер

Од AfD соопштиле дека напаѓачите упаднале во систем на хостинг-провајдер што го користи партијата и копирале податоци од мал број електронски сметки, од кои повеќето не биле користени со години. Партијата засега не го соопштила обемот на украдените податоци, ниту деталите за нападот, а истрагата е во тек. Архивата што била објавена на интернет, според извештаите, содржела околу 281 гигабајт податоци, но веб-страницата на која била поставена веќе не била достапна

Во протечената архива има и преписка на партиски функционери

Меѓу објавените материјали, според „Билд“, се наоѓале и мејлови испратени од партиски функционери, вклучително и копретседателката на AfD, Алис Вајдел. Не е потврдено дека нејзината лична електронска сметка била директно компромитирана, бидејќи пораките можеле да бидат преземени од поштенските сандачиња на примателите. Нападот се случува во период кога AfD е меѓу водечките партии во германските анкети и се соочува со повици од политички противници и граѓански организации за нејзино забранување, што партијата го отфрла како политички мотивирано.