Регион

ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ НИЗ ГРЦИЈА: Ученици, студенти и наставници бараат повисоки плати и подобри услови во образованието

Наставници, ученици, студенти и синдикати протестираат низ Грција за повисоки плати, подобри услови во образованието и мерки против зголемените трошоци.

ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ НИЗ ГРЦИЈА: Ученици, студенти и наставници бараат повисоки плати и подобри услови во образованието

Во Грција денеска се одржуваат национални штрајкови и протести поради зголемените трошоци за живот и проблемите во јавното образование. Во протестите учествуваат наставници, ученици, студенти, синдикати и други вработени во јавниот сектор. Главните барања се повисоки плати, поголеми инвестиции во образованието, подобри услови за работа и мерки за справување со поскапувањата. Протестите се организираат во повеќе од 50 градови низ земјата, а главниот собир во Атина е најавен пред Универзитетот, кај Пропилеите.

Синдикатите бараат повисоки плати и поголема финансиска поддршка

Наставничките синдикати бараат зголемување на платите, враќање на 13. и 14. плата и итно пополнување на празните работни места во училиштата. Тие предупредуваат на недостиг од кадар, пренатрупани училници и недоволно средства за одржување на училишните објекти. Студентите, пак, бараат мерки за намалување на трошоците за студирање и домување, како и повеќе места во студентските домови.

Протести и во Атина и Солун

Во Атина главниот протест е закажан за напладне, додека во Солун собирот е најавен кај споменикот на Венизелос. Според грчките медиуми, денешните мобилизации опфаќаат и штрајкови во образованието и здравството, како и активности на синдикатите во јавниот сектор. Во Солун се најавени привремени затворања на пет метро-станици, додека во Атина јавниот превоз во најголем дел треба да функционира вообичаено.