Македонија
Дознај прв
ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПОВТОРНО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ: Најавени блокади со трактори на патиштата и пристаништето Волос
Грчките земјоделци повторно ги враќаат тракторите на патиштата. Најавена е блокада на пристаништето Волос, а субвенциите може да бидат пресудни за протестите.

Трактори веќе се појавија во Тесалија
Грчките земјоделци повторно размислуваат за протести и блокади, а тракторите веќе се враќаат на патиштата во пресрет на изборната година. Во време на изборните кампањи на политичките лидери во Тесалија, земјоделците разгледуваат можноста да ги повторат минатогодишните протести. Вчера трактори се појавија во Агија, во близина на Лариса, додека за денес е планирана симболична блокада на пристаништето Волос.
Субвенциите може да бидат пресудни за протестите
Во среда, за време на националниот штрајк, земјоделците најавуваат дека со земјоделска механизација ќе се приклучат на протестите на Конфедерацијата на државни службеници на Грција (ADEDI) и другите синдикати, објавува „Катимерини“. Исплатата на субвенциите може да биде одлучувачка за тоа дали протестите ќе се интензивираат. Министерот за земјоделство Маргаритис Шинас најавил дека авансната исплата за основната поддршка ќе се реализира на 30 ноември, а конечната исплата до крајот на годината. Сепак, годинава средства треба да добијат 115.000 земјоделци помалку во споредба со минатата година, бидејќи околу 60.000 не ги финализирале прелиминарните апликации, а уште 55.000 воопшто не аплицирале.

