Регион
Дознај прв
ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ЛИЦА ВО СРБИЈА: Осомничени дека планирале насилство во Белград на изборниот ден

Пет лица се приведени во Србија под сомнение дека планирале да предизвикаат насилство во Белград на денот на предвремените парламентарни избори, закажани за 25 октомври.
Според информациите што ги пренесува РТС, групата наводно планирала околу 80 лица да дојдат во Белград и да предизвикуваат нереди. Во одвоена акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, приведен е и М.А. од Врњачка Бања.
Акциите се поврзани со сомнеж за планирање инциденти во текот на изборниот ден. Во Србија во недела ќе се одржат предвремени парламентарни избори, на кои ќе се избираат 250 пратеници.
