Магазин

(ВИДЕО) МЛАДОЖЕНЦИТЕ ВО ВТОР ПЛАН: Гостинка го украде вниманието на балканска свадба

Видео од балканска свадба стана хит на социјалните мрежи поради гостинка чиј фустан предизвика поделени реакции кај корисниците.

(ВИДЕО) МЛАДОЖЕНЦИТЕ ВО ВТОР ПЛАН: Гостинка го украде вниманието на балканска свадба

Видео од балканска свадба стана вирално на социјалните мрежи, но вниманието не го привлекоа младенците, туку една од гостинките. Жената се појавила во темносин фустан со длабоко деколте и висок шлиц, што предизвикало бројни реакции кај корисниците на интернет. Снимката ја објавил црногорскиот фотограф и инфлуенсер Бобан Вулевиќ на Инстаграм, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи. Додека некои го критикувале нејзиниот избор на облека, други ја пофалиле нејзината самодоверба и сметале дека нема причина за осуда. Дел од коментарите се шегувале дека младоженецот добил повеќе фотографии со гостинката отколку со невестата. Други, пак, оцениле дека ваквата комбинација не е соодветна за свадба и дека го одвлекува вниманието од младенците. Се појавиле и сомнежи дека видеото можеби е создадено со вештачка интелигенција, но засега нема потврда за тоа.