Регион
Дознај прв
РЕКОРДНА АКЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА: Откриена најголемата нелегална фабрика за цигари
Во близина на Лендaва е откриена најголемата нелегална фабрика за цигари во Словенија. Истрагата опфаќа сомнежи за трговија со луѓе.

Во Словенија е откриена голема нелегална фабрика за производство на цигари, која според објавените информации се смета за најголема од ваков вид досега откриена во земјата. Случајот укажува на обемот на нелегалното производство на тутунски производи и на активностите на организираните криминални мрежи. Во индустриската зона Тримлини, во близина на Лендaва, била откриена целосно опремена фабрика за фалсификувани цигари, а вредноста на запленетата стока според првичните процени изнесува повеќе милиони евра. Словенечката финансиска управа ја открила нелегалната производствена линија на 13 октомври, по што Националното истражно биро започнало предистражна постапка под раководство на Специјализираното државно обвинителство. Истрагата се води поради сомнежи за нелегално производство на цигари и трговија со луѓе. Во објектот биле пронајдени странски државјани за кои постои сомнение дека биле жртви на експлоатација. Според медиумските извештаи, најмалку 20 странски работници наводно престојувале и работеле во фабриката, а дел од нив тврделе дека со недели немале пристап до дневна светлина. Словенечките власти засега не ги објавиле конечните податоци за количината на запленетите цигари и точната финансиска штета, бидејќи истрагата сè уште е во тек.
Истрага за нелегално производство и трговија со луѓе
Случајот го истражува Националното истражно биро во соработка со надлежното обвинителство, а во постапката се вклучени и организации кои помагаат во заштитата на потенцијалните жртви. Надлежните најавуваат повеќе информации по завршувањето на активностите на терен.
Запленети цигари вреди милиони евра
Според првичните процени, нелегалната фабрика претставува најголем ваков производствен капацитет откриен досега во Словенија. Се очекува по завршувањето на истрагата да бидат соопштени повеќе детали за обемот на производството, финансиската штета и евентуалната одговорност на осомничените.
