Скопје
Дознај прв
МИТЕСКИ ПРОЗВА ЖЕНА ЗА ДИВА ДЕПОНИЈА, ТАА НАЈАВИ ТУЖБА: Вели дека уредно платила за подигање на мебелот

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, објави фотографии од жена покрај стар мебел оставен во близина на контејнери, оценувајќи дека станува збор за неодговорно однесување и создавање дива депонија.
СТАР МЕБЕЛ И КУЈНА КРАЈ КОНТЕЈНЕРИ: Митески најави одговорност за создавање дива депонија
Тој наведе дека инспекциските служби веќе постапуваат по случајот и ги повика граѓаните да пријавуваат вакви појави. Жената, Елена Рускова, се препознала на фотографиите и во коментар тврди дека кабастиот отпад уредно го пријавила во Општина Аеродром и платила за негово подигање. Според нејзиниот коментар, преземањето на мебелот било закажано за 22 октомври 2026 година.
Рускова изрази револт поради објавата и најави тужба за клевета и јавна бламажа. Таа побара градоначалникот да ги провери податоците во општината и инспекциските служби, како и јавно да ѝ се извини. Засега, не е независно потврдено дали услугата била платена и дали мебелот бил оставен во согласност со правилата за подигање.
Повеќе погледнете од самата објава.