Регион
Дознај прв
АКТИВЕН ПОЖАР КАЈ БЕЛИЦА: Денеска регистрирани 11 пожари на отворено во Македонија
Активен пожар кај Белица во Македонски Брод, а денеска се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор во Македонија

До 18 часот денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, еден пожар сè уште е активен, еден е ставен под контрола, а девет се целосно изгаснати.
Гори нискостеблеста вегетација кај Белица
Активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон теренот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП „Јасен“, а во гаснењето треба да се вклучат и два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Девет пожари изгаснати, еден под контрола
Под контрола е ставен пожарот во Општина Брвеница, кај селото Милетино, каде била зафатена ниска вегетација. Во текот на денот се изгаснати девет пожари, меѓу кои кај Кучково, Црквино, Црвени Брегови, Стојаково, Добрејци, „Св. Јоаким Осоговски“, Царевиќ, Нов Караорман и Смојмирово. Од ЦУК посочуваат дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и интервенираат на сите пријавени пожари.
