Регион

„АЛБАНИЈА ЌЕ ЈА НАПРАВИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОСИЛНА“: Фон Дер Лајен со пофалби за Албанија на патот кон ЕУ од Тирана 🇦🇱🇪🇺

„АЛБАНИЈА ЌЕ ЈА НАПРАВИ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОСИЛНА“: Фон Дер Лајен со пофалби за Албанија на патот кон ЕУ од Тирана 🇦🇱🇪🇺

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана го пофали напредокот на Албанија кон Европската Унија. Таа посочи дека Албанија вложила големи напори за постигнување на европските стандарди. Фон дер Лајен нагласи дека земјата го отворила последниот кластер, а во јули ги затворила првите три поглавја. Таа порача дека членството во ЕУ ќе ја направи Албанија посилна, но и Европската Унија посилна.

Сепак, нагласи дека за членство е потребно континуирано спроведување на суштинските реформи во сите отворени поглавја. Според неа, за трајни промени е потребна соработка над политичките поделби и дијалог со општеството. Албанија во декември 2025 година го отвори последниот, петти кластер во пристапните преговори, со што ги отвори сите 33 преговарачки поглавја.