Македонија

АЛТА БАНКА СО ОГРАНИЧУВАЊЕ: Клиентите ќе можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно

Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка Битола. Клиентите ќе можат да користат најмногу 10.000 денари неделно преку картички.

АЛТА БАНКА СО ОГРАНИЧУВАЊЕ: Клиентите ќе можат да повлекуваат најмногу 10.000 денари неделно

Клиентите на „Алта банка“ АД Битола во наредниот период ќе можат да користат најмногу 10.000 денари неделно од своите средства, преку платежните картички издадени од банката. Мерката ја соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на вонредна прес-конференција.

Народната банка воведе привремена администрација

Одлуката следува по информациите за одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ АД Белград и исполнувањето на условите за поведување стечајна постапка во Србија. Славески информираше дека Извршниот одбор на Народната банка, на седницата одржана на 1 ноември 2026 година, донел решение за воведување привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, кое веќе стапило во сила.

Со оваа одлука, управувањето со имотот на банката привремено преминува во надлежност на лица назначени од Народната банка, кои ќе постапуваат во рамките на доделените овластувања.

Неделен лимит од 10.000 денари

„Во интерес на граѓаните, а со цел извршување на секојдневните плаќања, определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од 10.000 денари, кој може да се користи со картичките издадени од банката“, истакна Славески.

Ова значи дека клиентите ќе имаат ограничен пристап до средствата преку платежните картички, а лимитот ќе важи неделно.