Скопје
Дознај прв
Арсовска бара отчет од ОЈО: До каде е предметот против Висар Ганиу?

Претходната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно побара одговор од Обвинителството за текот на постапката против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Таа прашува до каде е предметот поврзан со наводните незаконски легализации и фалсификувана документација, за кои претходно достави повеќе докази до надлежните институции.
Арсовска тврди дека во изминатиот период до обвинителите биле доставени нови документи и пријави, а од институциите очекува брза и транспарентна постапка. Според неа, граѓаните имаат право да знаат дали и како се постапува по случајот.
Таа порача дека ќе продолжи да бара одговорност и целосно расчистување на сите сомнежи за злоупотреби во Општина Чаир.
