Спорт

БАЛЕБА СТИГНУВА НА „ОЛД ТРАФОРД“: Јунајтед договори трансфер вреден 80 милиони евра

Манчестер Јунајтед постигна договор со Брајтон за Карлос Балеба. Камерунецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ за 80 милиони евра.

БАЛЕБА СТИГНУВА НА „ОЛД ТРАФОРД“: Јунајтед договори трансфер вреден 80 милиони евра

Балеба пристигнува на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед постигна договор со Брајтон за трансферот на камерунскиот репрезентативец Карлос Балеба. 22-годишниот играч за врска ќе го засили тимот од „Олд Трафорд“, откако двата клуба ги усогласиле условите за трансферот. За неговиот потпис Јунајтед ќе плати 80 милиони евра, со што Балеба станува едно од најскапите засилувања во летниот преоден рок.

Следуваат лекарските прегледи

Балеба во изминатите три сезони одигра 92 натпревари за Брајтон и постигна три гола, а претходно клубот од Лил го донесе за 30 милиони евра. Преговорите меѓу Јунајтед и Брајтон траеја неколку дена, а договорот бил постигнат во петокот вечерта. Според Би-би-си, останува играчот да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот со новиот клуб.